Услуги за возила
Планиран застој, максимално време на работа
Ниту еден бизнис не ист. Различни правци, стилови на возење и опкружување, сето тоа влијае на трошењето на вашите возила. Ние приспособуваме планови за одржување што одговараат на вашиот бизнис, обезбедувајќи максимално време на работа, зголемување на продуктивноста, како и намалување на пречки во вашето секојдневно работење.
Приспособено на вас
Услужните решенија на Scania се дизајнирани да ги задоволат вашите индивидуални оперативни потреби за да обезбедат висока достапност на вашиот возен парк.
Оптимизирана достапност
Преку поврзување и податоци за возилото во реално време, нудиме проактивни и превентивни услуги за да го максимизирате вашето време на работа и економичност во работењето.
Секогаш блиску
Каде и да сте во светот, ќе имате пристап до мрежата на работилници на Scania, снабдени со достапни резервни делови за брзи поправки, 24 часа на ден.
Оптимално сервисно решение
Знаејќи точно како се возеле вашите возила, како функционираат и користењето на сите тие паметни сензори е најдобриот начин да одредите кога треба да започнете со планирање за одржување. Многу подобар начин од фиксен временски период или фиксно растојание за возење помеѓу прилики за сервисирање и одржување.
Со индивидуално оптимизирање на различните модули во вашиот план за услуги, ние гарантираме дека времето на прекин е планирано и се случува само кога е апсолутно неопходно.
Приспособено за вашето работење
Познавање на возилата
Податоци во реално време
Оптимални интервали за одржување
Работилница на Scania
Нашите експерти гарантираат дека ќе добиете најквалитетни совети, одржување и делови кога ви се потребни. Ги знаеме трошоците за механички дефекти и застој, а нашата глобална логистичка мрежа гарантира дека сите делови на Scania се достапни за брза испорака.
Откријте повеќе
Контактирајте со вашиот продавач
Контактирајте со нас ако имате какви било прашања во врска со нашите производи, услуги или други активности во рамките на организацијата Scania.