Автобуси и патнички автобуси
Решенија за транспорт на луѓе
Scania има за цел да биде водечка компанија во одржливата мобилност. И знаеме дека грижата за пошироката слика бара вложување многу напор во деталите. Во текот на повеќе од еден век, имаме акумулирано длабоко разбирање и база на знаење што ни овозможува да ги развиваме автобусите и услугите потребни за да се оствари одржлива мобилност – насекаде.
Во Scania, му пристапуваме на предизвикот од сите агли, обезбедувајќи широк спектар на ефикасни возила со квалитет и паметни услуги кои овозможуваат одржливоста да оди рака под рака со оперативната економија. Така, веруваме, дека создаваме вистинска промена.
Возила по мерка
Возила специјално дизајнирани за справување со вонредни активности или многу строги барања. Scania има голем број автобуси ширум светот приспособени да ги задоволат овие потреби, врз основа на доверливост, издржливост и перформанси.
Патнички товарен автобус
Освен што превезува патници, овој автобус носи стока и во товарна просторија во задниот дел, обликувана како камион за дистрибуција. Опремен е со систем за климатизација и подигање на заден лифт.
Автобус за брза помош
Овој високотехнолошки автобус е медицински опремен за интензивна нега. Тој е уникатно изграден со работен простор за здравствените работници да ракуваат со пациентите.
Планински автобус
Автобус со низок влез со кратко меѓуоскино растојание и моќен мотор, скроен за да одговара на предизвикувачки терен во швајцарските планини; тесен пат со кривини, стрмни падини, лоша површина на патот и екстремни временски услови.
Центар за дарители на крв
Овој автобус е мобилен крводарителски центар кој е целосно опремен со се што е потребно за крводарителска постапка.